- Министерството за труд и социјална политика (МТСП)
Министерството за труд и социјална политика е клучното министерство одговорно за координирање и имплементирање на Законот за еднакви можности и релевантните стратешки и оперативни документи за родова еднаквост на национално и локално ниво. Институциите на локално и национално ниво се одговорни на годишно ниво да известуваат до МТСП за степенот на унапредување на родовата еднаквост во нивните институции. Улогата на МТСП подразбира и координирање на државните институции во однос на унапредување на родовата еднаквост и имплементирање на Законот за еднакви можности и релевантните стратешки документи.
Министерствотоза труд и социјална политика е клучното министерство одговорно за координирањеи имплементирање на Законот за еднакви можности и релевантните стратешки иоперативни документи за родова еднаквост на национално и локално ниво.Институциите на локално и национално ниво се одговорни на годишно ниво даизвестуваат до МТСП за степенот на унапредување на родовата еднаквост вонивните институции. Улогата на МТСП подразбира и координирање на државнитеинституции во однос на унапредување на родовата еднаквост и имплементирање наЗаконот за еднакви можности и релевантните стратешки документи.
- Секторот за еднакви можности
Секторот за еднакви можности во Министерството за труд и социјална политика претставува прв извршен механизам на Владата за остварување на родовата еднаквост и за заштита и превенција од секаков вид насилство и дискриминација. Дополнително, Секторот е одговорен за координирање и надгледување на имплементацијата на Стратегијата за родова еднаквост изготвување на Акциските и оперативните планови за имплементација на Стратегијата и координирање на релевантните институции за успешно имплементирање на истите. Преку соработка со надлежните институции, граѓанските организации и социјалните партнери Секторот за еднакви можности треба да воспостави еднакви можности во сите сфери на општественото живеење.
- Правен застапник
Како дел од родовата машинерија, во МТСП одреден е правен застапник за еднакви можности, кој е одговорен за докажување нееднаков третман врз основа на полот. Застапникот, во согласност со членот 23 од Законот за еднакви можности на жените и мажите, е назначен да води и процедури за заштита од дискриминација врз основа на полот при активности на субјектите во јавниот и во приватниот сектор. Улогата на застапникот е да соработува со надлежните институции но и да иницира случаи за нееднаков третман доколку смета дека има основ за покревање на постапка.
- Комисија за еднакви можности
Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието, чија задача е интегрирањето на принципот на еднакви можности на жените и мажите во законите, политиките и програмите и унапредувањето на родовата еднаквост преку следење на процесот на усвојување на основните и посебните мерки и на мерките за отстранување на нееднаквиот третман на жените и мажите. Парламентот го усвојува Националниот план за акција за еднакви можности за жените и мажите и одлучува за составот и надлежностите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.
- Координаторите за еднакви можности во државните институции
Секое министерство има назначен координатор, кој ги координира активностите на Министерството за унапредување на еднаквите можности во рамки на институциите преку следење на состојбата, давање предлози и мислења и преку подготовка на годишни извештаи до МТСП како ресорно министерство одговорно за спроведување на Законот за еднакви можности.
- Интерресорската консултативна група за еднакви можности на жените и мажите
Интерресорската консултативна група за еднакви можности на жените и мажите е составена од државни службеници, претставници на граѓански организации, асоцијации на работодавачи, експерти, претставници на локалната самоуправа, синдикати и други лица. Интерресорската група е одговорна да го промовира концептот на родова еднаквост во генералните политики на сите јавни институции, да ја следи интеграцијата на родовата перспектива во секторските политики во соработка со социјалните партнери и институции на одделни области, да го следи напредокот на усогласувањето на законодавството со Европската Унија и со европските стандарди за родовите прашања, да се вклучи и да дава насоки во подготовка на стратегија за родова еднаквост и да ги следи периодичните извештаи на институциите.
- Единиците на локалната самоуправа
Единиците на локалната самоуправа се должни да формираат комисија за еднакви можности, како постојан орган на Советот. Комисиите работат на унапредување на положбата на жените и мажите на локално ниво, преку процесот на креирање и донесување на политики, нивно спроведување, мониторинг и евалуација на постигнатите резултати. Координаторите за еднакви можности се државни службеници кои ја поддржуваат работата на Комисиите. КЕМ се должни да соработуваат со асоцијациите на работодавачи, синдикатите, невладините организации и граѓанските асоцијации кои се активни на полето на еднаквите можности. Координатор/к/ите за еднакви можности, именувани како дел од општинската администрација, имаат задолжение да соработуваат со КЕМ и се одговорни за имплементација на одговорностите и обврските на локалната самоуправа што произлегуваат од Законот за еднакви можности за жените и мажите.